Русија ќе го заврши тоа што го започна! Медведев: На Москва ѝ одговара одбивањето на Украина да преговара

Одбивањето на властите во Киев да преговараат со Москва ќе и’ овозможи на Русија да го заврши она што го започна за време на специјалната воена операција, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Според него, Русија е виновна што властите во Киев изнесоа неодржлива формула за мир и што ги отфрлаат сите други опции за водење преговори.

Медведев смета дека е корисно што претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша документ со кој се забрануваат преговори со Русија.

„Ова ќе и’ овозможи на Русија да го заврши она што го започна за време на СВО“, рече тој, посочувајќи дека го има на ум крајот на режимот на Бандера, крајот на неонацистичката идеологија и „ликвидацијата на сите никаквеци кои егзекутираа огромен број на нивни граѓани за пари украдени од Запад и за задоволување на нивните болни амбиции“.