ДОЈДЕ КРАЈОТ: Форд го укинува „Фокусот“

Како што беше најавено минатата година, следната сезона Ford целосно ќе ја прекине производната линија на легендарниот Focus и целосно ќе го прекине производството на овој модел.

Ford доживува тешки времиња во Европа. Штотуку беше објавено дека нивната фабрика во германскиот град Сарлус нема да продолжи со производство на EV модели како што беше планирано по прекинот на производството на Focus, што ќе остави без работа околу 3.500 работници.

Една од причините е што кинеските BYD и Chery ги отфрлија понудите на Ford за производство на нивните автомобили во оваа фабрика, бидејќи BYD веќе ги гради своите фабрики во Сегед на непосредната граница со Србија и долж новата пруга Солун-Будимпешта-Виена.