На уапсените членови на рускиот бенд им се заканува депортација

Рускиот рок бенд „Би-2“, кој го критикуваше нападот врз Украина, е уапсен во Тајланд и може да биде депортиран во Русија, објавија фановите на групата на Твитер.

Членовите на бендот беа уапсени минатата недела во градот Пукет, по концерт, бидејќи наводно немале соодветни работни дозволи.

На својата Фејсбук страница, бендот изјави дека концертите се одржале во согласност со локалните закони и прописи.

Откако платиле казна од по 85 евра, биле приведени од имиграциската полиција која ги испратила во мигрантски центар во Бангкок.