На фотографиите на пасошите и личните документи НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАСМЕЕ: Многу луѓе не ја знаат ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА, а треба да …

Кога се фотографираме за приватни фотографии, обично се насмевнуваме за да изгледаме подобро. Но, дали знаете зошто е забрането насмевката на фотографиите од пасошот?

Ако се насмеете макар и малку, ќе бидете предупредени бидејќи не смеете да правите гримаси. Зошто е тоа така?

Имено, чипот на пасошот содржи биометриски податоци за вас, кои се добиени од фотографијата. Таа фотографија се скенира, пресметувајќи го растојанието помеѓу очите, врвот на носот и брадата, за да се добие математичка „мапа“ или алгоритам на лицето.

Сè што може да го наруши или спречи пресметувањето на тие мерки – како носење очила или широка насмевка – ја намалува ефикасноста на алгоритмот.

Кога поминувате низ е-портата на аеродромите, камерата го скенира вашето лице и ги прави своите пресметки за мерењата на лицето. Потоа компјутерот проверува дали мерките на вашето лице се совпаѓаат со оние на фотографијата од пасошот.

Ако мерењата на лицето на скенерот на аеродромот и во пасошот не се совпаѓаат, тогаш сте во голема неволја.