На Шакира ѝ се заканува казна затвор од 8 години: Ќе треба да плати 20 милиони евра, а еве што се крие зад сe! Доби судска покана (фото)

Пејачката од Колумбија, чиј љубовен живот е во центарот на вниманието на светскиот печат по разделбата со поранешниот фудбалер Жерар Пике, наскоро ќе мора да се појави на суд во Шпанија. Вестта доаѓа само неколку дена откако Пике и неговата нова девојка Клара Чиа исто така беа на суд, каде што побараа забрана за приближување за едно лице поради постојано следење.

Сепак, проблемите на Шакира се од друга природа и се чини дека потенцијално би можеле да бидат многу поопасни за колумбиската ѕвезда. Пејачката беше обвинета за затајување данок пред судот во Шпанија.

Шакира, како што пренесуваат медиумите од оваа земја, наведува дека ги исполнила сите даночни обврски во Шпанија.

Доколку се докаже дека е виновна на суд, и’ се заканува казна затвор до осум години и парична казна од 23,8 милиони евра.

Некои медиуми тврдат дека доверливи извори им дале информации поврзани со одбраната на пејачката. Според овие информации, адвокатите на Шакира тврдат дека во периодот споменат во обвинението таа била без точно место на живеење поради својата работа.

Се наведува дека до 2015 година не живеела постојано во Шпанија и поради таа причина не можела да се третира како даночен обврзник. Пејачката тогаш „живеела во авион повеќе од кој било пилот“.

Ѕвездата од Колумбија наведува дека првпат почнала да ја посетува Барселона кога се заљубила во Пике во 2011. Таа изјавила дека покрај куќата што ја купила во Каталонија, има уште неколку куќи во Уругвај, Њујорк, Мајами, Колумбија и Бахамите.

Таа изјавила, според шпанските медиуми, дека Пике во еден момент од кариерата немал одлични односи со тогашниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола.

Поради оваа причина, еазмислувала и за купување објект надвор од Барселона, во зависност од тоа каде Пике би можел да ја продолжи кариерата.

Рекла и дека преселбата во Шпанија била голема негатива за нејзината кариера, поради што на почетокот не сакала да дојде таму.