Базенот штрчи на приближно два и пол метри од останатиот дел од зградата и изгледа како да виси над прометната улица.
Хотелот Joule во центарот на деловната област Далас во американската сојузна држава Тексас стана туристичка атракција меѓу странците, но и локалните жители. Причината се крие во необичната положба на застаклениот базен, кој се наоѓа на 10-ти кат од зградата.
Тој штрчи приближно 2,5 метри од останатиот дел од зградата и изгледа како да виси над прометната улица. Похрабрите ќе допливаат до крајот на базенот, ќе погледнат надолу и ќе се чувствуваат како да лебдат над врелиот асфалт.
Базенот е вистинска мала сина оаза во средината на бетонската џунгла во Далас. Затоа не е чудно што се етаблира како популарно место за состаноци во летните месеци за гостите на хотелот, како и за жителите на Далас, кои имаат можност да платат дневен билет од 50 долари, за да уживаат во неговата привлечност.