НА 220 КИЛОМЕТРИ ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД ПОЈАСОТ ГАЗА – Хамас се пофали: “Извршивме невиден ракетен напад над Израел“

Хамас соопшти дека попладнево лансирал ракета кон јужниот израелски град Еилат.

Се чини дека тоа е ракетен напад со најдолг дострел во војната досега, а Еилат се наоѓа на околу 220 километри од Појасот Газа.

Израелската Армија соопшти дека ракетата паднала на отворен простор во близина на градот, што го активирала алармот за тревогата.

Засега нема детали за жртви или причинета штета од нападот.