Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа Х, која до неодамна се викаше Твитер, објави дека корисниците на Х повеќе нема да можат да блокираат коментари од несакани следбеници.
Ова ќе го оневозможи она што долго време се сметаше за безбедносна мерка. Ќе може да се блокираат само директни пораки.
Откако минатата година го купи Твитер за 44 милијарди долари, Маск отпушти голем број работници, повторно ги стави на располагање деактивираните профили и ја ребрендираше социјалната мрежа.
Тој не ја наведе причината и кога ќе биде оневозможено да се блокираат коментарите на несаканите следбеници. Корисниците може да ја користат оваа функција за да спречат коментари со проблематична содржина да се појавуваат на нивната сметка.
Покрај тоа, оваа опција досега се користеше за да се избегнат реклами, пренесува CNBC.