НБА и играчите потпишаа колективен договор

Кошаркарската НБА лига и нејзините играчи потпишаа нов колективен договор кој ќе важи до сезоната 2029/30.

Седумгодишниот договор стапува на сила в сабота, ден пред почетокот на летниот преоден рок.

Секоја од страните, меѓутоа, може да го раскине договорот една година пред неговиот рок, но за тоа мора да се изјасни најдоцна до 15 октомври 2028 година.

Новиот договор предвидува казни без преседан за франшизите кои нема да го почитуваат ограничувањето на платите и воспоставувањето турнири во текот на сезоната, слично на фудбалските купови.

Ограничувањето на користењето марихуана, легална во неколку американски сојузни држави, нема да биде ригорозно како досега. Во текстот на колективниот договор се наведени и правила кои играчите мораат да ги почитуваат доколку сакаат да инвестираат во компании кои продаваат канабис или организираат спортско обложување.