НБА: Карл – Ентони Таунс надвор од теренот поради повреда

Ѕвездата на НБА лигашот Минесота, Карл – Ентони Таунс, ќе отсуствува од теренот поради повреда, соопшти денеска клубот.

На Таунс му е дијагностициран скинат менискус на левото колено и не е исклучено да го пропушти остатокот од сезоната.

Таунс сезонава четврти пат во кариерата настапи на Ол-стар натпреварот, а има просек од 22.1 поени, 8.4 скокови и 3 асистенции по натпревар.

Екипата од Минеаполис засега има добра сезона со ефект од 43 победи и 19 порази.