Јадењата во Европа доаѓаат во сите облици и вкусови, па според многумина, тука ја има најдобрата храна на планетата… Но, и во остатокот од светот има добра храна, според новата топ-листа што ја објави „Тајм аут“ (Time Out).
Познатото списание спроведе анкета меѓу илјадници граѓани од целиот свет, прашувајќи ги за храната во нивниот град со цел да ја направи конечната ранг листа на најдобрите светски градови за гурманите и сладокусците. Така, листата е направена според квалитетот, но и достапноста на храната. Сепак, и сите јадења, но особено пицата е во срцето на италијанската култура – од топлите, богати јадења што се служат на Северот до свежите морски плодови по коишто е познат Југот… Но, според добар дел испитаниците – нема ништо подобро од пица „Маргaрита“, испечена и послужена во Неапол.
На списокот, од европските градови, се наоѓаат и Ливерпул, Севиља, Порто, Лион и Копенхаген.
Целосната топ-20 листа изгледа вака: 1. Неапол, Италија; 2. Јоханесбург, Јужна Африка; 3. Лима, Перу; 4. Хо Ши Мин, Виетнам; 5. Пекинг, Кина; 6. Бангкок, Тајланд; 7. Куала Лумпур, Малезија; 8. Мумбаи, Индија; 9. Дубаи, ОАЕ; 10. Портланд, САД; 11. Ливерпул, Велика Британија; 12. Меделин, Колумбија; 13. Севиља, Шпанија; 14. Порто, Португалија; 15. Маракеш, Мароко; 16. Лион, Франција; 17. Сиднеј, Австралија; 18. Монтреал, Канада; 19. Осака, Јапонија; и 20. Копенхаген, Данска.