Небото поцрвена и започна пеколната сцена: Снимен моментот кога еруптира вулкан во Исланд, 200 кубика лава истекуваат во секунда (фото/видео)

На исландскиот полуостров Рејкјанес на југозапад од земјата синоќа се случи вулканска ерупција по неколкунеделна зголемена сеизмичка активност.

Би-Би-Си потсетува дека околу 4.000 луѓе претходно биле евакуирани од рибарскиот град Гриндавик, а затворена е и блиската геотермална бања Blue Lagoon.

Исланд, вулкан

– Ерупцијата започна северно од градот во 22:17 часот по локално време – соопшти Исландската метеоролошка служба (ИМО).

Се наведува дека од крајот на октомври е забележан зголемен број земјотреси во областа околу главниот град Рејкјавик.

Исланд, вулкан

ММО објави дека ерупцијата се наоѓа на околу четири километри североисточно од Гриндавик и дека сеизмичката активност се движи кон тој град.

На фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како лава избива од вулканот само еден час по регистрираната серија земјотреси.

Исланд, вулкан

Се вели дека ерупцијата е видлива од главниот град на Исланд , кој се наоѓа на околу 42 километри североисточно од Гриндавик.

Еден од очевидците изјави за Би-Би-Си дека половина од небото во правец на градот „осветлило во црвено“ поради ерупцијата , а може да се види чад како се дига нагоре.

Исланд, вулкан

Полицијата ги предупреди луѓето да се држат настрана од областа.

– Должината на празнината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата истекува со брзина од околу 100 до 200 кубни метри во секунда – наведе ММО.

Во соопштението се додава дека тоа е многукратно повеќе отколку при претходните ерупции на полуостровот Рејкјанес во последните години.