Ердоган му подари на Орбан во Будимпешта турски автомобил Тог

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, главниот град на Унгарија.

Ердоган, кој престојува во официјална посета на Унгарија, по средбата со унгарската колешка Каталин Новак, се сретна и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во неговата работна резиденција во манастирот Кармелита.

Во оваа прилика Ердоган на премиерот Орбан, кој го пречека, му подари турски автомобил Тог во црна боја.

Ердоган му даде информации на премиерот Орбан за автомобилот Тог со регистарска табличка „HU TR-100“ специјално подготвен за 100-годишнината на односите меѓу Турција и Унгарија.

Премиерот Орбан на претседателот Ердоган му подари унгарски коњ.

Ердоган и Орбан претседаваа со состанокот на делегациите по билатералната средба, која беше затворена за новинарите.