Неверојатна акција на турските специјални сили: Ненад Петрак фатен во Истанбул, познат како водач на нарко – картелот (видео)

Ненад Петрак , државјанин на Хрватска , за кој се верува дека е водач на меѓународен нарко – картел, е уапсен во Турција.

Според турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликај, Ненад бил фатен во Истанбул.

Министерот на социјалните мрежи објави дека Петрак е уапсен во истанбулската област Ускудар.

Тој посочи дека Петрак е лидер на меѓународен нарко-картел кој ја пренесува дрогата од Јужна Америка во Европа и ја дистрибуира во Европа.

„Хрватските правосудни органи трагаа по Петрак, по кого беше распишана црвена потерница од Интерпол за кривично дело убиство со умисла“, изјави министерот кој ја објави и снимката од апсењето.

Тој додаде дека, според податоците на Хрватската агенција за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК), Петрак е некој што поврзува многу луѓе со неговата криминална организација во девет земји.

„Ненад Петрак, кој беше следен од нашиот Оддел за борба против наркотици во Истанбул, беше откриено дека се наоѓа во Ускудар. Операцијата КАРТЕЛ-2 беше веднаш започната со поддршка на Дирекцијата за специјални операции во Истанбул за апсење на меѓународен шверцер на дрога. Им честитам на нашите полициски службеници кои ја организираа акцијата“, напиша министерот.