НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА- Редок небесен спектакл пристигнува вечерва, следниот се очекува дури за 14 години
Редок небесен спектакл пристигнува вечерва. Имено, ноќта од 31 јули кон 1 август, на небото ќе биде видлива супермесечина, а вториот пат ќе се појави 30 дена подоцна.
Првиот пат Месечината ќе биде на оддалеченост од 357.530 километри од Земјата, а вториот пат ќе биде малку поблиску, на 357.344 километри.
Последен пат две супермесечини се појавија во ист календарски месец беше 2018 година, а астрономите тврдат дека следниот таков феномен нема да се случи пред 2037 година. Утре, 1 август, ќе бидат видливи и Меркур и Марс.
Супермесечината е феномен кога Месечината се приближува до планетата Земја на растојание помало од 360.000 километри.
Во оние случаи кога е блиску до нас, добива неверојатна осветленост и неговиот дијаметар на небото е очигледно поголем. Во овој период има и поинтензивни плими.