НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА НА НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Објект влегол во атмосферата на Земјата, а она што го снимила камерата ги остави луѓето во неверување

Метеороид од еден метар кој беше откриен доцна синоќа удри во земјината атмосфера над северна Франција, а видео од оваа фасцинантна глетка кружи на социјалните мрежи.

Ударот се случи вчера околу 16 часот по наше време.

Метеороидот 2023 CKS1, порано познат како Sar2667, се распадна над Ла Манш во близина на Нормандија.

Седум часа пред ударот, бил откриен од унгарскиот астроном Кристијан Шарнецки, во станицата Пишкештето на опсерваторијата Конколи на планините Матра, во Унгарија.

Метеороидот првпат беше забележан на 12 февруари во 21 часот по локално време кога беше оддалечен околу 233.000 километри од Земјата.

„Еве што прави метеор од само еден метар на небото? Леле, неверојатно!“ гласеше еден од коментарите на воодушевените корисници.

„Што не е во ред со небото?“, праша еден корисник.

Овој метеороид синоќа беше забележан и на ведро небо над Велика Британија.

По прелетувањето, луѓето масовно почнале да споделуваат видеа, а најголем број доаѓаат од Лондон, Хартфордшир и Вулверхемптон, каде што најзабележлива била огнената топка на темното небо, пренесува „Гардијан“.

Набргу потоа, видеа од овој феномен почнаа да пристигнуваат од целата земја, а голем број луѓе изјавија дека тоа е една од најголемите огнени топки што некогаш ги виделе.

Метеорите се парчиња отпад од вселената кои влегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од околу 70 километри во секунда.

Постојат околу 186 камери распоредени во ОК кои детектираат метеори на небото и испраќаат податоци до Глобалната мрежа на метеори.

Во текот на изминатата година камерите забележале 1.614.338 метеори, но ниту еден не бил толку јасно видлив како оваа, објави „Индепендент“.

Да потсетиме, на 15 февруари 2013 година, астероид со дијаметар од околу 20 метри влезе во атмосферата на Земјата.

Се движел со брзина од 19 километри во секунда кога експлодирал, на само околу 30 километри над градот Челјабинск во Русија.

Експлозијата имала 20 до 30 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена врз Хирошима. Овој регион се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Москва.