Нови слики од Романката и девојчето за кое се претпоставува дека е Данка: Австриската полиција излезе со итно соопштение и апел за граѓаните (фото)

Австриската полиција трага по две жени кои беа снимени во Виена со девојчето за кое се верува дека е малата Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор.

Полицијата објави и фотографии од жените по кои трага.

Австриската полиција денеска соопшти дека верува дека на видеото навистина е малата Данка.

Виенската полиција апелираше до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото да се јават кај органите на прогонот на 01-31310-33800 или во која било полициска станица.

Откако се појави видеото направено во Виена, на кое во придружба на две Романки се гледа девојче кое изгледа и неверојатно личи на малата Данка, во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени фотографирани со девојчето веднаш да се обратат во полиција.