НЕВЕРОЈАТНО! НАЈПЛОДНАТА жена на светот има 42 години, има 38 ДЕЦА и грозоморна судбина – ЌЕ УМРЕ ако престане да РАЃА!
Фасцинантна животна приказна!
Во селото во Уганда наречено Кабимбири живее жена по име Маријам Набатанзи , а Налонго Музаала Бана е прекарот што и го дале локалното население затоа што е толку плодна.
Маријам има 42 години и 38 деца. Сите освен последното ги родила дома. Меѓу сите тие деца има шест пара близнаци, четири тројки, три четворки. Има десет девојчиња и 28 момчиња. Најстариот има 27 години, додека најмладиот четири години.
Маријам се омажила на 12 години, веднаш откако за влакно ја избегнала смртта. Нејзината маќеа била сурова кон Маријам и нејзините браќа и сестри и во една прилика им мешала скршено стакло во храната со намера да ги убие. Од сите деца преживеала само Маријам, додека останатите починале. Се омажила во 1993 година, со маж кој тогаш имал 40 години.
– Не ни знаев дека ќе се мажам. Луѓето одеднаш почнаа да доаѓаат кај нас и да носат подароци. Кога почнаа да си одат, мислев дека ги гледам надвор од дома. Всушност, тогаш тетка ми ме предаде на тој човек – изјавила Маријам за медиумите.
Нормално, на девојката и беше тешко да се снајде во новата улога на сопруга.
– Мојот сопруг имаше неколку сопруги и многу деца од претходните бракови. Морав да се грижам за сите тие деца бидејќи нивните мајки не беа таму. Беше насилен и често ме тепаше. Татко ми имаше 45 деца со различни жени, а многу од нив се близнаци, тројки или четворки – се сеќава .
Гинекологот Чарлс Кигунду вели дека Маријам има генетска предиспозиција за хиперовулација, што значи дека може да произведе повеќе јајце клетки во еден циклус. По шестото раѓање, Маријам имала 18 деца и сакала да престане, па отишла на гинеколог. Таму и рекле дека не може да престане да се пораѓа бидејќи тоа ќе ја убие.
– Сите оние неоплодени јајце клетки кои се произведуваат сами претставуваат закана не само за репродуктивниот систем, туку и за животот на жената – тврди д-р Ахмед Кикомеко.
– Ме советуваа да продолжам да се пораѓам, бидејќи во спротивно ќе умрам. Се обидов да користам интраутерина направа за контрацепција, но постојано се разболував и повраќав од неа. Дури и паднав во кома еден месец поради неа – вели Маријам, која до 23-та година имала 25 деца.
Повторно се обидела да најде начин да ја запре бременоста во болница. Д-р Кигунду вели дека Маријам на крајот најверојатно завршила со лигатура на тубулите, што значи дека нејзините јајцеводи биле блокирани.
Повеќе детали во видео прилогот.