Неверојатно промршување на Меси! Даде гол од 25 метри, па се посрамоти во шеснаесетникот! Како не успеа да го погоди ова?! (ВИДЕО)

Интер Мајами се пласираше во финалето на Лига купот, откако во полуфиналето убедливо ја совлада Филаделфија Унион со резултат 4:1

Централна фигура на натпреварот повторно беше чудесниот аргентински ас – Лионел Меси.

Во 20. минута Меси постигна фантастичен гол за 2:0, веќе деветти во шестиот натпревар за новиот клуб. Тој ја прими топката на 40 метри од голот на ривалот, се ослободи од голманот, а од околу 25 метри упати „хируршки“ прецизен удар по земја во мрежата на ривалот.

Аргентинецот на овој меч можеше да го постигне јубилејниот 10. гол, но во 69. минута не се прослави – промаши чиста шанса.

Тој ја искористи лошата интервенција на еден одбранбен играч, ја зеде топката, го заобиколи голманот и влезе во шеснаесетникот, но последниот удар беше лош и топката не заврши во мрежата.

Интер во финалето на Лига купот ќе игра против Нешвил.