Каква бомба! Богдана Ражнатовиќ се соблече, еве како изгледа по 2 породувања! (ФОТО)

Откако Богдана Ражнатовиќ на 17 април го роди вториот син, многумина беа изненадени од фактот што таа успеа да ја врати својата совршена линија за рекордно време, па изгледа како да не се породила воопшто.

Имено, на социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија на која Богдана гордо позира во зелен костим за капење кој одлично и’ стои.

Појавата на Богдана Ражнатовиќ по две породувања е најдобар доказ за тврдењето дека „телото памети“.

Како тинејџерка почнала да тренира кошарка и била дел од јуниорската репрезентација на Србија која освоила бронзен медал на „ЕП“ во Вуковар во 2013 година.

Со тимот на „Радивоје Кораќ“ две години подоцна ја освои титулата српски кошаркарски шампион, а потоа со Кораќ беше и вицешампионка на „Женската регионална лига“ и финалистка на „Милан ‒ Цига Васојевиќ“.

Поради тешка повреда во 2015 година одлучила да се повлече од професионалниот спорт, по што го запознала сегашниот сопруг Вељко Ражнатовиќ на кого му родила два сина – Жељко и Крстан.