НЕВЕРОЈАТНО – Тотално ‘лудило’ владее во Србија! Млад човек пуштен од психијатрија со ракетен фрлач демолирал зграда во градот Рума во Војводина

Српската полиција уапсила млад човек кој во четвртокот во близина на градот Рума во Војводина испукал проектил со рачен ракетен фрлач и демолирал напуштен објект во близина на железничката станица, јавуваат соседните медиуми.

Експлозијата се случила околу 14 часот во регионот на Платичево и предизвикала уривање на помала зграда, но за среќа нема повредени.

Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување.

Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува весникот Blic.rs кој наведува дека е причинета поголема материјална штета.

Српските медиуми јавуваат дека по масовното пукање во училиштето, кога ученик во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби осум врсници и училишен чувар, како и по масакрот во Младеновац кога Урош Б. (21 г.) уби осум лица, често се случуваат нови инциденти.

Како одговор на двете масовни убиства, МВР на Србија ги повика граѓаните да го предадат нерегистрираното оружје во периодот од 8. мај до 8. јуни, објави неодамна BBC, и додава дека во првите четири дена од кампањата беа предадени 9.401 оружје, повеќе од 400.000 парчиња муниција и 884 мини-експлозивни направи.

Се проценува дека цивилното население на Балканот има девет пати повеќе оружје од војската и полицијата, според глобалното истражување за мало оружје од 2018 година, објави BBC.

BBC додава дека Србија и Црна Гора го делат третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивилите, зад САД и Јемен.