НЕВЕРОЈАТНО – Хрватска буквално увезува 100.000 комарци од Италија! Загреб со ‘мастер-план’ објавува ‘војна’ против досадните инсекти

Градовите низ Хрватска започнуваат борба против комарците, а Градот Загреб најави дека за прв пат ќе спроведе план со кој треба да се намали бројот на тигрести комарци во една област.

Загреб годинава одвои 384.000 евра за борба против комарци, а дел од тие средства се наменети за увоз на 100.000 стерилни комарци од Италија, кои ќе бидат пуштени во природата.

Ова значи дека ако се побројни, тие ќе оплодат женки кои ќе произведуваат јајца кои нема да доведат до потомство. На овој начин биолошки би го намалиле бројот на тигрести комарци присутни во една област“, објаснува Ана Клобучар од Националниот Институт за јавно здравјеД-р. Андрија Стампар“.

Драган Грубиша од градската здравствена еколошка служба изјави дека дел од средствата ќе бидат наменети за едукација на граѓаните со цел да се информираат за важноста од отстранување на контејнерите со вода во текот на летните месеци, бидејќи тоа е најефективниот начин за отстранување на местата за размножување комарци, објави веб-порталот Index.hr.