Невестата ја поминала првата браќна ноќ во затвор! Шок, пејачката која пееше на свадбата проговори и објасни што се случило! (ВИДЕО)

Романската пејачка Ирина Лепа случајно крена сериозна прашина на TikTok кога објави снимка од апсењето на невеста од нејзината свадба.

Лепа го објави видеото на таа социјална мрежа во јули, во меѓувреме собра седум милиони прегледи, а многу луѓе со текот на времето го шират на различни интернет платформи со тврдења дека несреќната девојка наместо да биде во прегратките на својот сопруг, првата брачна ноќ ја поминала во затворска ќелија.

За среќа, тоа воопшто не било така и сето тоа било само шоу, како што потврдила и самата невеста, пренесува Нет.

,,Боже, не ми се верува дека ова видео стана толкав хит. Во суштина, никој не беше уапсен, тоа беше уметнички чин подготвен од пријатели на младоженецот“, откри Лепа ставајќи крај на сите дезинформации.