Невеста полудела КОГА И СТИГНАЛА ВЕНЧАНИЦАТА затоа што изгледала како „СТАР ПАРТАЛ“ а кога сфатила што направила САКАЛА ДА УМРЕ ОД СРАМ
Идната невеста збеснала кога добила венчаница по нарачка која воопшто не била како онаа што ја видела на фотографиите.
Жената признала дека испратила лута порака во продавницата и барала враќање на парите. Таа вели дека била многу фрустрирана што ќе мора одново да ја започне потрагата по совршениот фустан, пренесува Mirror.
Таа прикачила фотографии од венчаницата што ја избрала на слика на која се гледа разбушавен дизајн, пред да го спореди со тоа како изгледа фустанот на неа, а недостасуваат многу детали.
Но, тогаш ја сфатила својата грешка поради која бламот ја изеде жива. Имено, луѓето од продавницата и одговориле: „Поздрав, облечете го фустанот правилно, ве молам облечете го со вистинската страна и видете дали ви стои како што треба“. Иако невестата се насмеа на пораката, се чувствувала засрамено.
Таа сето тоа го сподели на Фејсбук, пишувајќи: „Мојата венчаница пристигна пред две недели. Бев навистина изнервирана како изгледа и испратив лут мејл до компанијата бидејќи сакав да ја вратам. Се фотографирав во фустанот им кажува дека не личи на оној што го нарачав, денес го добив овој одговор.
Објавата собра стотици споделувања, а едно лице напиша: „Девојко, умирам да ги гледам твоите слики со неа наопаку“. Некој друг напиша: “Ти благодарам за ова! Ми требаше смеа! Изгледаш неверојатно, дури и со фустанот наопаку!”.