НЕВИДЕНА ДРАМА ВО АВИОН ПРЕДИЗВИКАНА ОД КИКИРИТКИ !? Девојка ги купила сите кесички од оваа храна, а причината е многу бизарна: “Настана општа паника!“

Девојка по име Леа Вилијамс од Лондон, која е алергична на кикиритки, ги купила сите залихи од авионот, а за тоа потрошила повеќе пари од авионската карта.

Девојката која е алергична на кикиритки тврди дека дури и мирисот на кикиритки предизвикувал алергиска реакција кај неа. Таа дури мисли дека може да умре ако случајно ја јаде оваа храна, пишува Daily Mail.

Неодамна оваа девојка отпатувала за Дизелдорф и на летот успеала да го убеди екипажот на летот да не продава кикиритки на останатите во авионот.

Меѓутоа, кога се враќала во Лондон со друг авион, персоналот во авионот не сакал да го исполни нејзиното барање.

Поради ова, девојката ги купила сите кеси со кикиритки кои биле во понуда бидејќи не сакала никој околу неа да ја јаде оваа храна, а за ова потрошила 168 евра.

Тоа е повеќе од цената на авионската карта, пишува The Mirror. Според експертите, нејзиниот страв е донекаде претеран.

Дури и директниот контакт со кожата би предизвикал само локална иритација на кожата кај луѓето со алергии. Мирисот не би предизвикал алергиска реакција“, велат експертите.