НЕВИДЕНА ДРАМА ВО САРАЕВО: Жена била физички нападната од семејството на нејзиниот покоен сопруг, ЈА ТЕРАЛЕ ДА СЕ ОМАЖИ ЗА ДЕВЕРОТ, поради повреди завршила во болница

Синоќа во сараевската населба Ковачиќи пет лица нападнале жена, а според информации се работи за семеен конфликт.

Како што претходно потврдија од МУП на кантонот Сараево, пријавата била примена во 19 часот и 50 минути, при што било пријавено дека имало физички напад врз женско лице. Се се случило синоќа на тролејбуската станица кон градот.

Според пријавата, таа била нападната од пет непознати лица, по кои трага полицијата , пишува Кликс, пренесува Српскаинфо.

Имено, според информации, станува збор за конфликт во семејството. Станува збор за жената која била нападната од членови на семејството на нејзиниот сопруг, принудувајќи ја да се омажи за деверот односно братот на нејзиниот сопруг. Причината за сето тоа е да се задржат парите и наследството во рамките на семејството.

Претходно не се знае со какви повреди се здобила нападнатата, но таа синоќа била пренесена во болница за да и се утврдат повредите.