НЕВИДЕНА ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ ДВЕ ГРУПИ ДЕВОЈКИ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Крваво се степаа, летаат тупаници, полицаецот не може да ги совлада (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео од жестока пресметка на две групи тинејџерки во трговски центар !

На снимката од тепачката може да се види како девојките диво се удираат на паркингот во трговскиот центар во англискиот град Кент. Видеото започнува со две девојките кои се влечат и удираат една со друга, но конфликтот одеднаш се разгорува кога во кавгата се приклучуваат уште неколку тинејџерки.

Група минувачи, меѓу кои има многу деца, гледаат и не веруваат што се случува, а многумина од нив ја снимаат тепачката со своите мобилни телефони .

Човекот, за кој подоцна се покажа дека е полицаец кој не бил на должност, бил единствениот кој се обидел да ги раздвои девојките кои се во конфликт.

– Полицијата во Кент била повикана околу 15 часот во неделата на расправија меѓу неколку тинејџерки на паркингот на трговски центар во Гринхајт. Полицајците присуствуваа заедно со безбедносниот персонал и разговараа со сите присутни. „На сите страни им беа дадени силни совети, а нивните родители беа контактирани и побарани да дојдат и да ги соберат тинејџерките“, рекол портпаролот на полицијата во Кент.