НЕВИДЕН СРАМ, ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТУРСКИ ЅВЕЗДИ ЗБЕСНА ПО ТРАГЕДИЈАТА – “ОВИЕ ЛУЃЕ НЕ СМЕАТ ДА ОСТАНАТ НЕКАЗНЕТИ”

Caglar Söyüncü, 26-годишниот фудбалер на Лестер, на својот Твитер објави

Додека се бројат жртвите од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција, тамошните спортисти прават се што е во нивна моќ да им помогнат на сиромашните, но и да укажат на некои други работи кои деновиве се случуваат во таа земја.

Така, Caglar Söyüncü, 26-годишен фудбалер од Лестер, укажа на фактот дека некои луѓе решиле да ја искористат трагедијата за да заработат пари.

„Додека државата е во жалост и луѓето се обидуваат да се спасат под урнатините, некои неморални луѓе без зрно човечност се обидуваат да го ограбат нашиот народ, препродавајќи ќебиња за пет пати поскапо. Овие луѓе не смеат да останат неказнето, не смееме да ги оставиме на мир“, објави тој.

Сојунчу дојде во Лестер во 2018 година од Фрајбург, а пред да замине во Германија играше во турски Алиага и Алтинорду.