НЕГОВИТЕ OБЈАВИ ГИ СЛЕДИ ЦЕЛИОТ СВЕТ! ГО ВИКААТ ГУРУ ЗА ТРАНСФЕР: Откриено колку пари заработува најпознатиот спортски новинар
Она што се Лионел Меси, Кристијано Роналдо или Килијан Мбапе за фудбалот, Фабрицио Романо е за спортското новинарство.
Овој италијански новинар е познат по тоа што прв објави трансфер бомби кога е европскиот фудбал во прашање.
Италијанецот кариерата како спортски новинар ја започна во 2011 година, кога имаше 18 години. Тој е специјализиран за трансфери и секојдневно објавува информации за трансфери на играчи на својот Твитер профил. Неговиот профил има 17 милиони следбеници, а 21 милион на Инстаграм.
Не стекна слава преку ноќ, ниту со некаков маркетиншки трик. Тајната на неговиот успех е работата и само работата. Тој неодамна покажа дека на 5 јули го користел својот телефон 17 часа и 37 минути, што доволно говори за тоа колку е посветен на својата работа.
– Понекогаш е навистина лудо, па можам да поминувам 18 часа дневно на телефон. Штом почнува преодниот рок, цел ден го поминувам на телефон. Во тие денови немам време за хоби или семејство, само работам. За среќа, луѓето со кои сум опкружен веќе знаат дека мојата работа бара таква посветеност и сите го почитуваат тоа – изјави Фабрицио Романо во неодамнешното интервју за Flashscore News.
Таквата работа на крајот се исплати. Според британските медиуми, Романо заработува околу 80.000 евра месечно само од објави на Твитер.
Романо ја популаризираше фразата „Еве ние одиме“, која се користи кога сите страни се договориле и трансферот е неизбежен. Тој се разликува од повеќето новинари затоа што е многу внимателен и прецизен – нема непроверени и неточни информации.