Неделата беше најтоплиот ден откако се мерат температурите: Застрашувачки рекорд е поставен на 21 јули 2024 година
Глобалната температура во неделата изнесуваше 17,08 степени Целзиусови.
Недела, 21 јули, беше најтоплиот ден на глобално ниво откако се забележани температурни рекорди, покажаа прелиминарните податоци од службата за климатски промени на Европската унија Коперник, пренесува Ројтерс.
Глобалната температура во неделата изнесуваше 17,08 степени Целзиусови, нешто повисока од рекордот поставен во јули минатата година, кој изнесуваше 17,08 степени.
Топлотните бранови погодија големи делови од Европа, САД и Русија минатата недела.
JUST IN: Sunday was the world’s hottest day ever recorded, according to EU scientists pic.twitter.com/GaqqPAgUir
— BNO News (@BNONews) July 23, 2024
Коперник потврди за Ројтерс дека е соборен рекордот за просечна дневна глобална температура, кој се одржува од 1940 година, а научниците сметаат дека причината за тоа се климатските промени предизвикани од човекот.
Секој од изминатите 13 месеци, почнувајќи од јуни 2023 година, беше најжешкиот досега, рече Коперник. Некои научници укажуваат дека 2024 година може да ја надмине минатата година во однос на топлината, бидејќи климатските промени и природниот феномен Ел Нињо уште повеќе ги зголемија температурите оваа година. Освен тоа, глобалната температура ја надминала глобалната температура во прединдустрискиот период за 1,6 степени, што се смета за многу опасно.
📈#DYK that 23 of the 30 most severe heatwaves in Europe since 1950 have occurred since 2000?
— Copernicus ECMWF (@CopernicusECMWF) July 19, 2024
But what is exactly a #heatwave and what are their consequences to public health?#C3S walks us through the basics of this concept in their new explainer👉https://t.co/ggszsrnIrc pic.twitter.com/rensQoveNJ