Недостатокот на витамин Д е посериозен отколку што мислите: Препознајте ги 5-те симптоми што ви ги испраќа вашето тело

Соодветниот внес на витамин Д е неопходен за силен имунитет, здрави коски, заби и мускули.

Витаминот Д е еден од најважните витамини за здравјето на целиот организам. Тој игра клучна улога во зајакнувањето на имунитетот, здравите коски и заби, како и во одржувањето на мускулната сила и доброто расположение.

Иако поголемиот дел од витаминот Д се произведува природно кога кожата е изложена на сонце, голем број луѓе, особено во текот на есента и зимата, страдаат од негов недостаток, честопати без да знаат за тоа. Нутриционистите Ејми Гудсон и Лорен Манакер откриваат кои симптоми никогаш не треба да ги игнорирате.

1. Чести настинки и инфекции

Ако често сте болни , постои можност да ви недостасува витамин Д. Тој е неопходен за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Кога нема доволно, телото потешко се бори со вирусите, бактериите и другите патогени.

2. Ненадејна промена на расположението и чувство на тага

Витаминот Д учествува во производството на серотонин – хормонот на среќата. Хроничната тага, раздразливоста или дури и депресивните симптоми можат да бидат знак за недостаток на витамин Д. Иако причината може да биде сложена, важно е да се провери нивото на овој витамин.

3. Постојан замор и недостаток на енергија

Заморот што трае со денови, без оглед на добриот ноќен сон, може да биде резултат на намалено производство на енергија во телото поради недостаток на витамин Д. Ако се чувствувате исцрпено секој ден без очигледна причина, време е да ја проверите крвната слика.

4. Болка и слабост во мускулите

Витаминот Д е неопходен за правилна мускулна функција. Недостатокот може да предизвика необјаснива болка, слабост и грчеви, дури и ако не вежбате прекумерно.

5. Проблеми со коските и забите

витамин Д
 
Без доволно витамин Д, телото не може да апсорбира калциум – што директно влијае на густината на коските и го зголемува ризикот од фрактури, остеопороза и болки во грбот, вели „Јади го ова, а не тоа“. Забите исто така можат да станат почувствителни и склони кон расипување.

Како да се зголеми внесот на витамин Д?

Најдобар природен извор на витамин Д е сончевата светлина, а само 15 минути дневно изложување може да помогне. Исто така, внесот може да се подобри преку исхрана богата со:

 масна риба (лосос, сардина, туна)

– јајца (жолчки)

– млеко и млечни производи

– печурки

– додатоци во исхраната (во консултација со лекар).