МНогу студии покажуваат дека магнезиумот е еден од најважните минерали што му се потребни на телото за нормално функционирање. Исто така, познато е дека недостатокот на магнезиум може да доведе до несакани последици и проблеми со нашето здравје. Токму затоа, воопшто не е чудно зошто повеќето диететичари ја нагласуваат важноста од конзумирање на храна која има големи количини на овој важен минерал.
Но, која храна содржи најмногу магнезиум? Иако повеќето здрава храна го имаат овој есенцијален минерал, постојат намирници кои повеќето експерти ги посочуваат како задолжителни доколку се обидеме да внесеме што повеќе магнезиум во нашето тело. Овие намирници се следните:
- зелен лиснат зеленчук
- ореви
- ленено семе
- чиа семе
- какао
- мешунките
- тофу
- авокадо
- масна риба како лосос
- банани.
Според WebMD, препорачаната дневна доза на магнезиум за возрасни е од 320 до 420 милиграми, а експертите нагласуваат дека мажите треба да консумираат малку повеќе магнезиум од жените.