Предлог за лесен и вкусен рецепт кој ќе го обожава целото семејство.
Потребни состојки:
2 јајца
6 шолји шеќер
4 шолји јогурт
3 шолји масло
8 шолји брашно
1 ќесичка прашок за печиво
300 гр исчистени свежи сливи
Начин на подготовка:
Измешајте јајца, шеќер, масло и јогурт и соединете ја смесата па додајте брашно и прашок за печиво. Половина од смесата истурете ја во тава за печење, наредете ги сливите па врз нив сипете ја и останатата смеса. Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога ќе се издади наросете шеќер во прав.