Незаборавно злосторство на Балканот: Син и мајка од Сараево обвинети за монструозна ликвидација – Изгладнувале, сечеле и мачеле жена, па ја убиле на предавнички начин, планирајќи да ѝ го сомелат телото во мелница за месо
Кантоналниот суд во Сараево го потврди обвинението на Обвинителството на кантонот Сараево против Горан Равлиќ, Леџиба Равлиќ и Латиф Јашаревиќ.
Синот и мајката се обвинети за кривично дело убиство на свиреп и подмолен начин, додека Јашаревиќ е обвинет за кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото и непријавување на убиството, пишува Дневни аваз.
Горан и Леџиба Равлиќ се обвинети дека психички и физички ја малтретирале сопругата на Горан од средината на мај до 28 јуни 2024 година во стан во сараевската населба Пофалиќи и на крајот ја убиле. Обвинетите се товарат дека на 38-годишната првично и’ забранувале каква било комуникација со надворешниот свет, и’ го уништиле мобилниот телефон и и’ забраниле да излезе од станот.
После тоа ја изгладнувале, и ја потстрижувале косата, и ги врзале рацете за да не може да се брани. Тие сексуално ја злоставувале и и’ нанеле повеќе од 100 повреди, меѓу кои каснувања, изгореници, скршеници и повреди во пределот на гениталиите. Од здобиените повреди несреќната жена починала.
Телото на жртвата го чувале во станот со денови. За да ги прикријат непријатните мириси и убиството користеле разни видови освежувачи и миризливи свеќи. Тие неколку дена стапиле во контакт со Јашаревиќ кој се согласил да им помогне да ги сокријат трагите.
По наредба на Леџиба Равлиќ, обвинетите Горан и Латиф купиле секира, пила, комплет ножеви, неколку пластични кутии кои ја одржуваат соодветната температура, патрони со амонијак за преносни фрижидери, мелница за месо, неколку селотејпи, кеси за ѓубре, во трговските центри во неколку наврати пластични ракавици, пластични одела, заштитни маски, повеќе средства за дезинфекција и средства за чистење, за да се отстрани телото и да се прикрие криминалот.
На обвинетите Горан и Леџиба Равлиќ им беше предложено продолжување на притворот, а за главниот претрес сослушување на 12 сведоци, 13 вештаци и изведување на повеќе од 100 материјални докази.