НЕЗАПАМЕТЕНА ТРАГЕДИЈА НА ЈАДРАНСКО МОРЕ: Се удавија татко и два сина, ГОЛЕМА ТАГА

Нивните тела подоцна беа пронајдени од крајбрежната стража.

Татко и два сина од Тирана се удавија во албанскиот град Каваја, јавува албанскиот Јуроњуз.

Трагедијата во која животот го загубија таткото Елвис Халилај (50) и неговите двајца малолетни синови на возраст од 13 и 15 години е предизвикана од силни морски струи.

– Поради силни струи во попладневните часови брановите го одвлекоа едното дете, додека таткото и другиот син се обидуваа да стигнат до него, но струјата ги однесе – изјави новинарката на ABC News, Леонида Мусај.

Како што понатаму изјавила, други луѓе кои биле на плажата се обиделе да помогнат, но не успеале поради големите бранови.

Нивните тела подоцна беа пронајдени од крајбрежната стража.