Некогаш најдобриот тенисер на светот минува низ најтешките денови во животот: “Молете се за моето семејство…“

Тениската икона Пит Сампрас откри дека неговата сопруга Бриџит се бори со рак на јајниците. Американецот во понеделникот наутро и соопшти на јавноста дека холивудската ѕвезда се лекува откако неодамна и била дијагностицирана малигна болест.

Според Fox Sports, филмската и ТВ ѕвезда се борела со болеста во тајност, а првпат и била дијагностицирана во декември.

Четиринаесеткратниот Грен Слем шампион Пит Сампрас ја објави веста на АТП турнејата и побара од тениската заедница „позитивни мисли и молитви“ додека неговата сопруга се бори со болеста.

Како што знаат повеќето луѓе, јас сум прилично тивка и повлечена личност“, стои во соопштението.

Сепак, изминатава година беше исклучително предизвикувачки период за моето семејство и решив да споделам што навистина се случува. Минатиот декември, на мојата сопруга Бриџит и беше дијагностициран рак на јајниците. Оттогаш таа имаше тешка операција, помина низ хемотерапија и продолжува со целна терапија“, напишал тој.

За потсетување, парот се венча во 2000 година и има две деца, 20-годишниот Кристијан и 18-годишниот РајанПит Сампрас вели дека е „тешко да се гледа“ како неговата сопруга поминува низ „ваков предизвик“, но се одрази на неговите деца како растат.

Бриџит е поранешна актерка која глуми во филмови како „The Wedding Planner“, „Billy Madison“ и „I Know What You Did Last Summer“. Таа, исто така, глумеше во ТВ сериите „Frasier“, „Saved by the Bell“ и „CSI: Miami“, а беше крунисана за Мис тинејџерка на САД во 1990 година.

Пит Сампрас важи за еден од најголемите тенисери на сите времиња. Тој освои седум титули на Вимблдон, пет титули на УС Опен и две на Австралија Опен.