Неколку лица се уапсени на протестот на вработените во ЈП „Комунална хигиена“, МВР со детали од синоќешните настани

При протест пред ЈП „Комунална хигиена“во Скопје, кој се случи вчера вечерта , ситуацијата ескалира и неколку лица беа приведени во полиција.

Од МВР за ТВ21 велат дека меѓу 50-те демонстранти имало и лица кои не работат во „Комунална хигиена“ и истите биле запрени од полицијата, бидејќи тие заедно со други спречиле камиони да излезат од теренот за да собираат ѓубре.

Истите ќе биде санкционирани.

„На 09.07.2023 година околу 22,00 часот во Полициската станица во Гази Бабе било пријавено дека вработените одржуваат протест, а меѓу нив има и лица кои не се вработени во претпријатието. Полицајците веднаш излегле на терен, каде било констатирано дека околу 50 луѓе протестираат и ја попречуваат работата. „Со полициска интервенција возилата за собирање отпад се извадени , а лицата кои не се вработени во претпријатието, а се фатени во околината на претпријатието ќе се соочат со санкции предвидени со Законот“, соопшти Министерството за Внатрешни работи.