Неколку повредени откако британски туристи „се тепале со тајландските сексуални работници“ – тепачка започнала поради плаќање
Забава со „тајландски сексуални работници“ и британски туристи прераснала во жестока тепачка и како резултат на тоа еден од младите бил прободен со нож во стомакот.
Според странските медиуми, пренесува Телеграфи, тепачката почнала по расправија за плаќање.
Наводно, туристите ги поканиле петте трансродови придружници во нивната вила заедно со уште две жени на островот Пукет, на југот на Тајланд, во раните утрински часови на 22 февруари.
Но, на сред забава, расправијата за цените разгоре хаотични сцени кои ги разбудија сите околни жители.
На шокантната снимка се гледаат голите сексуални работнички како трчаат по улица додека двете групи фрлаат чаши и саксии една кон друга преку ѕидот на градината.
Внатре во имотот, скршено стакло го прекрило подот, а крв била испрскана по ѕидовите, меѓу празни шишиња и цигари, се вели во соопштението.
На видеото се слуша згрозен сосед кој гледа од својот балкон како вели: „Боже мој, тие се убиваат еден со друг“.
Полицијата која пристигнала на местото на настанот лекувала 23-годишен маж од Бристол поради убодна рана во стомакот пред да биде преврзан и итно однесен во болница. Полицајците рекоа дека другите мажи во групата исто така биле Британци.
Тепачката наводно избила кога една од незадоволните проститутки го грабнала паричникот на една од Британците.
Во тепачката која следела, неидентификуваниот маж наводно бил избоден со кујнски нож кога една од проститутките за време на тепачката грабнала предмети од фиоките.
Полицијата пристигнала нешто по 4 часот по локално време за да ја смири ситуацијата.
Полицајците ги испрашуваа инволвираните додека ја истражуваа масовната тепачка во населбата Ката на популарниот остров за одмор.