Неколку полицајци од Тузла се осомничени дека му помагале на монструмот од Градачац! Се појавија нови детали (фото)

Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, во соработка со Кантоналното обвинителство во Тузла, во моментов води истрага против повеќе лица кои можеби имаат некаква поврзаност со убиецот Нермин Сулејмановиќ од Градачац.

Локалните медиуми јавуваат дека неколку полицајци од локалната полициска станица во моментов се под истрага поради можна поврзаност со тројниот убиец.

-Истрагата се води против сите припадници на полициските сили од Тузланскиот кантон со цел да се утврди дали има поврзаност меѓу нивното однесување и постапки и сето она што се случи во Градачац – изјави извор запознаен со истрагата.

Во текот на истрагата треба да се открие и кој на убиецот од Градачац му ја открил локацијата на која се наоѓаат неговата невенчана сопруга и дете.

Локалните медиуми претходно објавија дека станува збор за полицајка со која бил во врска, чие име наводно е Џенана, но тоа не може со сигурност да се каже додека не заврши истрагата.

Семејството на несреќната жена директно ја обвини полицајката дека на Сулејмановиќ му открила дека Низама се крие кај нејзината тетка. Фотографија од полицајка објави и роднина на Низама.

– Мојата роднина не беше убиена само од Нермин, туку и од Џенана – заедно со него – напиша братучедот.

Полицијата е лута и на судијата кој на само четири дена пред убиството одбил да му изрече забрана за приближувањр на Сулејмановиќ, неправилно оценувајќи дека нема опасност за жртвата.

Полудениот Нермин Сулејмановиќ, да потсетиме, во петокот за време на крвав поход уби три лица. Убиството на невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ го пренесуваше во живо на Инстаграм.

Својот крвав поход го продолжил на улиците на Градачац, каде ги убил таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер, а ги ранил нивната сопруга и мајка Хариса Ондер.

Сулејмановиќ ги рани и полицаецот Хусеин Коториќ пред полициската станица во Градачац и граѓанинот Недим Памуковиќ.