Неколку причини зошто е добро да се туширате со ладна вода

Австралиската манекена Миранда Кер секогаш советува дека миењето на косата треба да го правите секогаш само со ладна вода, а кога ќе ја погледнеме нејзината коса, нема сомнение дека овој совет е многу ефикасен.

Покрај тоа, туширањето со ладна вода има многу придобивки не само за вашата коса, туку и општо за целото здравје.

Ладната вода ќе ви помогне да загубите тежина. Можеби звучи чудно, но ладната температура го забрзува метаболизмот и помага во согорувањето на дополнителни калории.

После неколку седмици капење со ладна вода ќе забележите дека вашата кожа станува глатка и помека, а проблемите со проширени капилари ќе исчезнат.

Ладната вода исто така може да ви помогне побргу да заспиете и да имате поквалитетен сон.

Обидете се постепено топлата вода да ја замените со ладна.

Наизменичното туширање со топла и ладна вода е еден од најдобрите начини да ја забрзате циркулацијата и наутро да се разбудите многу подобро расположени.