Овие намирници ќе ви помогнат да ја ублажите болката во грбот

Болката во грбот е чест проблем во денешно време, а повеќето луѓе чувствуваат болка во долниот дел на грбот, што често е резултат на лошото држење на седечката положба. Како решение се препорачува редовно вежбање кое ја ублажува болката и ги зајакнува мускулите, но има и намирници кои можат да помогнат.

Храната богата со омега-3 масни киселини треба да се најде на менито на луѓето со болки во грбот. Овие намирници вклучуваат риба, бадеми, ореви, ленено семе, семе од чиа и многу повеќе. Овие намирници ќе помогнат да се одржи јачината на коските. Исто така, се препорачува да се користи маслиново масло.

Храната со антиинфламаторни својства вклучува зачини како ѓумбир, цимет и црвени чили, но треба да се консумираат во ограничени количини. Тие се корисни за намалување на воспалението. Куркумата содржи соединение куркумин, кој е ефикасен лек за болки во зглобовите, додека ѓумбирот и лукот имаат антивоспалителни својства кои го олеснуваат артритисот.

Недостатокот на протеини во телото може да биде причина за болки во грбот, па затоа треба да се вклучи во исхраната. Тоа ќе го направите со конзумирање на храна како јајца и млеко. Протеините помагаат во развојот на мускулите, што резултира со ослободување од болките во грбот.

Зелениот зеленчук како брокулата, карфиолот, зелката и спанаќот се богати со витамини А, Ц и К, кои помагаат да се намали воспалението. Тие го содржат соединението сулфорафан, кое ги инхибира ензимите кои предизвикуваат болки во зглобовите и воспаление. Исто така, се препорачува да се јаде корен зеленчук, како што се моркови, цвекло и тиква, бидејќи се богати со антиоксиданси. Токму антиоксидансите помагаат во намалувањето на болките во колената и грбот.

Свежото овошје може да се конзумира секојдневно, а јаболката, ананасот, боровинките, црешите, грејпфрутот и агрумите содржат флавоноиди и имаат антиоксидантни својства, што ја ублажува болката.