Ралф Шумахер: Ми недостига „стариот“ Михаел

Братот на легендарниот Михаел Шумахер, Ралф изјави дека му недостасува стариот Михаел.

Во петок ќе се навршат десет години откако седумкратниот светски шампион во Формула 1 доживеа несреќа на скијање.

Оттогаш до сега, јавноста никогаш во целост не дозна каква е вистинската состојба на Шумахер, ретко се појавуваат информации.

„Ми недостига „стариот“ Мајкл. Животот понекогаш не е фер. Мајкл имаше многу среќа, а потоа се случи таа страшна несреќа “, објави Ралф .

Братот на Мајкл призна дека здравствената состојба на легендарниот возач не е баш добра.

„Медицината многу напредуваше, но ништо не е исто како што беше. Она што се случи со Михаел многу ме погоди
 “