“НЕМАВ ПАРИ ДА СЕ ПРЕХРАНАМ!“ – Јелена Ѓоковиќ како никогаш претходно си ја отвори душата – денес има се што ќе посака, а нејзиниот пат не бил многу ‘сладок’ – ова малкумина го знаат!

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ, кој официјално според многумина е најдобар тенисер на сите времиња, денес е на „светскиот врв“ поради сите успеси на нејзиното семејство. Сепак, како што таа има претходно изјавено, нејзиниот пат не бил толку лесен, па дури во еден момент од животот открила дека нејзината финансиска состојба била многу лоша.

Почнав да размислувам како да преживеам три години бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а јадев во градските кујни. Така да веганството почна од мака“, открила своевремено Јелена Ѓоковиќ.

Исто така, Јелена Ѓоковиќ открила дека една од причините поради која станала веганка е стравот од болести.

Мислам дека луѓето се обврзуваат на поздрав начин на живот кога ќе им биде дијагностицирано нешто. Почнав со веганство од страв од болести. И тоа е најлошиот начин за почеток и не би советувал никого да прави ништо од страв. Се трудам да не го правам тоа од страв“, изјавила Јелена Ѓоковиќ кога гостувала во телевизијата К1, неодамна.

Таа додала дека прашање е дали ќе остане веганка до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.

Бев голем јадач на месо и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот, со енергија, здрав“, кажала таа и додала дека важен е и начинот на подготовка на храната.

Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, ориз… Деновиве е тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите режими на исхрана се само малку поинакви“, заклучила во таа прилика сопругата на Новак Ѓоковиќ.