Доколку сакате да бидете креативни и да ги изненадите гостите со необично предјадење, треба да пробате школки од лиснато тесто. Многу лесно се прават и нема да ви требаат многу состојки.
Можете да направите интересни школки „со бисер“ со помош на топчиња крем сирење или мини моцарела.
Состојките што ќе ви бидат потребни се:
- пакување лиснато тесто
- жолчка
- една лажица млеко
- сол
- топчиња моцарела или крем сирење
- фил по желба
Подготовка:
Лиснатото тесто развлечете го и со чаша направете кругови. На едниот крај малку превиткајте го тестото и со нож направете линии. Потоа премачкајте ја со жолчка која претходно ја измативте со малку млеко и печете на температура од 180 степени додека тестото не порумени.
Кога ќе се излади пецивото треба да се исече и да се наполни со фил по желба. Можете да користите туна, зелена салата, кисели краставички и мајонез како во видеото или да смислите своја верзија. На крајот во секое пециво додајте топче крем сирење или моцарела.