НЕМА ВЕЌЕ НИКАКВИ ДИЛЕМИ, И ​​МБАПЕ ПОТВРДИ ДЕКА ГО НАПУШТА ПСЖ! „Ова ми е последна година во Париз, нема да го обновам договорот“

Францускиот фудбалер и напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе објави дека ќе го напушти тимот од Париз на крајот на сезоната, по седум години минати во клубот.

„Ова ми е последна година во Париз, нема да го продолжам договорот и ќе ја завршам авантурата за неколку недели. Во недела ќе го одиграм последниот меч на „Паркот на принцовите“, напиша Мбапе на својот Инстаграм профил.

Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако и со парижаните освои шест шампионски титули во Франција и три француски купови.

Со репрезентацијата Мбапе ја освои титулата светски првак во Русија во 2018 година, а сребрен медал на минатогодишното првенство во Катар.

Тој не откри каде ќе ја продолжи кариерата, но шпанските медиуми веќе неколку месеци пишуваат дека постигнал договор со Реал Мадрид, и дека на 1 јули ќе му се приклучи на Реал.