НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Цел живот погрешно ја користите стругалката за мраз на автомобилот, еве како треба да го направите тоа (ВИДЕО)
Оние кои го погледнале видеото биле воодушевени, но и збунети што до сега не го знаеле ова.
На TikTok, корисник сподели видео за тоа како всушност се користи стругалка за мраз за чистење на шофершајбната.
- Овој трик за стругање мраз на TikTok го научив утрово во 6 часот бидејќи не можев да заспијам, изјавила таа во видеото кое има повеќе од три милиони прегледи.
Таа покажува како прво го струга мразот со едната страна, а потоа ја врти стругалката на другата страна и брзо го отстранува мразот .
Оние кои го погледнале видеото биле воодушевени, но и збунети што до сега не го знаеле ова.
„Јас сум возач 17 години и само што дознав за ова за прв пат“, коментира некој.
„Не можам да верувам дека не знаев за тоа“, додаде една жена.
Меѓу коментарите на нејзината објава беше и овој совет: „Најважниот совет е да влезете и да го запалите автомобилот додека го правите тоа. Оставете го автомобилот да се загрее и да ги одмагли стаклата за да бидете подготвени да возите“, пренесува Mirror.