Ја отпеа најтажната песна а Тито ја забрани! Животната приказна на легендарната пејачка ќе ви го скрши срцето: Цел живот го помина во болка (фото)

Пејачката Нада Вукиќевиќ низ Југославија ја паметат како Нада Мамула. Имаше прекрасен вокал и беше најпопуларната севдалинка на нашите простори, која ја отпеа најтажната забранета песна.

Уште како мало девојче Нада покажа талент и љубов кон музиката. Пееше песни на други пејачи на Радио Белград, но бидејќи нејзините родители беа против идејата нивната ќерка да биде пејачка, Нада се откажа по само две снимени емисии. Кога пораснала се омажила за Никола Мамула и со него се преселила во Сараево. По некое време се пријавила на аудиција организирана од Радио Сараево. По три песни кои ги испеа на аудицијата, таа беше примена.

Многу брзо стана најпопуларната пејачка на Севдалинка низ Југославија. Таа најмногу пееше песни од Раде Јовановиќ и Драгиша Недовиќ, а публиката ја обожаваше. Победувала на различни фестивали, настапувала низ целиот свет, а во текот на кариерата добила бројни престижни награди. Се шпекулираше дека таа го научила Цуне Гојковиќ да пее.

Таа одеше на турнеја низ целиот свет, учествуваше на фестивали и освои бројни награди. Сепак, имала голема празнина во душата – Нада немала деца и по тоа копнеела цел живот. Во моментите на најголема тага таа се препушти на слушање песни кои зборуваа токму за тоа.

Со доаѓањето на војната во деведесеттите, заврши големата кариера на Нада Мамула. Во Босна, нејзината кариера веднаш заврши бидејќи беше Србинка, а во Србија веќе ниту едно радио или телевизиски канал не ги пушташе нејзините песни. Нада се снајде многу тешко, особено кога во ретки моменти повторно се слушаа нејзините песни, но во интерпретација на други изведувачи. Се зборуваше дека Нада тогаш ги фрлила сите весници и фотографии поврзани со блескавите моменти од нејзината кариера, кои дотогаш внимателно ги чувала.

Најтешкиот удар го доживеала кога по 35 години брак починал нејзиниот сопруг Никола. Таа тогаш останала сосема сама. Живееше тивко и повлечено и си ги броеше деновите што и’ преостанаа. Таа не сакаше медиумско внимание. Таа почина на 11 октомври 2011 година на 84-годишна возраст.

По смртта на Нада, нејзините пријатели откриле дека таа им кажала една реченица пред нејзината смрт:

„Многу сум среќна од постигнатото и не барам ништо повеќе, се го знаат името, песната моја се знае, нека ме паметат само по песните.

Така и беше – Нада најмногу ја паметиме по изведбата на песната „Pluća su mi bolna“, која прв ја отпеа Заим Имамовиќ, а беше забранета десет години. Оваа песна, напишана од Драгиша Недовиќ кога дознал дека боледува од туберкулоза, наводно имала силно влијание врз луѓето.

Наводно, Јосип Броз Тито и Централниот комитет на Комунистичката партија оцениле дека песната има премногу негативно влијание врз заболените од туберкулоза, а забраната била укината дури кога, според приказната, самата Јованка Броз побарала да се пее на нивна прослава.