САД ќе испратат досега невидено воено возило во војната во Украина

САД потврдија 375 милиони евра нова воена помош, вклучително и некои досега невидени возила на бојното поле во Украина.

САД ќе испратат 375 милиони евра воена помош за Украина, потврди американскиот државен секретар.

Антони Блинкен изјави дека новиот пакет помош вклучува муниција и возила кои можат да градат мостови над реките, пренесува skynews.

Носејќи метален мост од 60 метри, возилата би можеле да им помогнат на Украинците во нова офанзива.

Соединетите Американски Држави за прв пат ќе ги испорачаат овие возила на украинската држава во војната против Русија.

Инаку, Русија ја започна неоправданата инвазија на украинската држава на 24 февруари минатата година.