Нема да има казни доколку граѓаните не ги добијат новите документи до 12 февруари

Рокот за промена на личните документи е 12 февруари, но доколку граѓаните не го почитуваат, нема да има казни, но нема да можат да заминат во странство.

Министерството за внатрешни работи соопштува дека досега најголем број граѓани на Република Македонија ја исполниле обврската и добиле лични документи со новото уставно име.

„Ако сега не треба да патуваат, не треба да брзаат да извадат пасош“, изјави за Телма Тони Ангеловски, портпаролот на МВР, кој нагласи дека досега милион и двесте илјади ги смениле документите.. Издадени се патни исправи со новото уставно име и 100.000 лични карти и сменети се над 500.000 возачки дозволи, што значи дека голем дел од граѓаните веќе ги промениле личните документи“.

Инаку, рокот 12 февруари предизвика големи гужви на граѓани пред шалтерите на МВР каде се издаваат новите документи. Локалните власти најавија дека ќе побараат од Грција да го одложи рокот за важност на документите со старото име на државата, бидејќи, како што рекоа, РМВ нема капацитет за кратко време да ги смени сите документи на граѓаните.