“НЕМА ИНДИКАЦИИ ЗА НОВИ ВИРУСИ“ – Во Кина има само “обично“ зголемување на респираторните заболувања поради познати патогени

Зголемувањето на респираторните заболувања во Кина е предизвикано од познати патогени и нема знаци на нови заразни болести, соопшти во саботата здравствен претставник.

Ненадејното зголемување на бројот на пациенти во земјата каде што се појави вирусот Ковид-19 на крајот на 2019 година го привлече вниманието на Светската здравствена организација (СЗО), која испрати официјално барање до Кина да и обезбеди информации за потенцијално загрижувачки пораст на респираторни заболувања, повикувајќи се на извештај за фокуси на недијагностицирана пневмонија кај деца.

Ќе се отворат повеќе педијатриски клиники, ќе се обидеме да обезбедеме повеќе постари луѓе и деца да примаат вакцини против грип и да ги охрабриме луѓето да носат маски и да ги мијат рацете“, изјави на прес-конференција Ми Фенг, претставник на кинеската Национална здравствена комисија.

Докторите во Кина и експертите во странство не изразија загриженост за избувнувањето во Кина, имајќи предвид дека многу други земји забележаа слично зголемување на респираторните заболувања откако Кина ги олесни своите мерки за ограничување кон крајот на минатата година.